ЕРАК ГРУП е групација која преку своите компании – Караџи Турс Балкан, ЕРАК Туристик, ЕРАК Транспортер и ЕРАК Еколоџи.

Нуди разновиден спектар на услуги, вклучувајќи транспорт на патници, туристички услуги, како и иновативни решенија за управување со отпад, како што е пиролизата на пластичен отпад.

Компанијата е основана во 2006 година како семеен бизнис, со фокус на превозот на патници. Од тогаш, ЕРАК ГРУП прерасна во стабилна компанија, проширувајќи го својот деловен опсег на повеќе сектори. Денес, со флотен капацитет од 21 минибуси и пет автобуси, групацијата е значаен учесник во туристичката индустрија преку своите подружници Караџи Турс Балкан и Ерак Туристик, работејќи на десет меѓународни пазари. Досегашното опслужување на повеќе од 900.000 туристи е потврда за континуираниот раст и успешноста на компанијата.

Во 2021 година, ЕРАК ГРУП го прошири своето портфолио со воведување на еколошки одржливи решенија преку компанијата ЕРАК Еколоџи, со што ја потврди својата заложба за иновација и одговорно корпоративно управување.

Овој успех го постигнавме со инвестирање во личниот и професионален развој на нашиот тим како и на постојаното професионално и посветено работење.

Нашиот тим е повеќејазичен, мултикултурен и професионален – кој на нашите клиенти и партнери им обезбедува експертиза и посветеност во секоја услуга и производ што ги обезбедуваме, на најефикасен и најекономичен начин.

Клучен дел од нашата деловна филозофија е создавање и одржување на долготрајно партнерство.

Сакаме да растеме заедно со нашите клиенти и партнери!

Години

Канцеларии

Активни пазари

Задоволни клиенти